Извештај од обдукцијата на црномурното момче, кое беше убиено на 11 август во Лос Анџелес од полицаец белец, покажа дека било застрелано во грбот, објавија американските медиуми.
Во копијата од извештајот, кој денеска на сајтот го објави „Лос Анџелес Тајмс“, наведува дека Езел Форд е застрелан од огнено оружје трипати, во грб, во рака и во абдоменот, пренесува АФП.
Раната во грбот укажува дека во Форд било стрелано од близина.
Ова е само уште еден од низата слични случаи во САД годинава, во кои полицајци со бела боја на кожата во спорни ситуации убиле невооружени Афроамериканци.
Во САД се одржуваат демонстрации, чиишто учесници тврдат дека полицајците користат непропорционално голема сила против црнците во случаи како што е смртта на Ерик Гарнер во Њујорк и Мајкл Браун во Фергусон. Во двата случаи поротата реши дека на полицајците нема да им се суди.
Форд, кој имал 25 години и бил ментално болен, беше убиен на 11 август од страна на двајца полицајци во патрола во јужното предградие на Лос Анџелес. Бил сам и невооружен и одел по тротоарот. Полицајците тврдат дека физички се спротивставил и се обидел да го одземе пиштолот на едниот од нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.