| четврток, 6 декември 2018 |

Климовски: Време е за темелна ревизија на уставно политичкиот систем, ова е историски исчекор на македонската економија

klimovskiЕкономските политики на владата се најпозитивниот елемент од функиционирањето на оваа власт изминатава година, но и годините откако е дојдена на власта, вели во интервју за Прес24 универзитетскиот професор Саво Климовски. Тој посочува дека премиерот Никола Груевски направил историски исчекор кон функционалноста на македонската економија и дека сега е дојдено време за темелна ревизија на уставно политичкиот стсем на државата за успешна реализација на оваа политика.

– Лично мислам дека оваа влада на чело со премиерот Груевски направи многу позитивни чекори на економски план. Го доврши процесот на пренесување на економската политика и макро и финансова и во секој поглед од линијата на државно самуправната економија, со сите процеси и потреси што ги носи таквата економија, на линијата, или како што велиме на колосекот, на либералната економска практика. И во таа смисла тоа е многу тешко да се направи, но оваа Влада го доврши- вели Климовски.

Негова проценка е дека на Македонија и е потребна во моментов целосна, а не парцијална промена на Уставот и политичко-економскиот систем за да продолжи економското етаблирање на државата. Климовски смета дека постојната рамка на функциоинирање станува претесна за една ваква економија.

– Рамката веќе му претставува пречка да може премиерот сите тие политики да ги остварува. И сега е потребно да се оди кон коренито напуштање на многу одредби кои што го попречуваат ефективното реализирање на овие мерки. Јас мислам дека ако оваа Влада сака да биде успешна на економски план треба да го отвори процесот на целосна ревизија на уставниот и политичкиот систем. Само на тој начин во наредните, барем дваесетина години, ќе создаде една можна рамка за да ги реализира економските политики- вели универзитетскиот професор Климовски. Според него отварањето на тој процес мора да го дефинира и функционалноста на државата како граѓанска, наместо практиката која се наметнува како етничко-партиска.

– Ние мораме членот 2 од Уставот кој што се однесува на граѓанинот да го расчистиме. Дали сме граѓанска држава? Или сме мултиетничка држава? Ние сме мултиетничко општество, но не сме мултиетничка држава. И треба да тргнеме од тој основен проблем и понатаму да ги градиме институциите, вели Климовски во интервју за Пресс24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top