Професорот Ристо Малчески спротивно од наводите во дел од медиумите дека нема објавено научни трудови, тврди дека годинава има објавено над 17 научни трудови. Но, ниеден од нив не е индексиран на Web of science, најрелевантната светска база на податоци.
Пратениците во Собранието денеска го поддржаа Закон во високото образование кој ги обврзува универзитетските професори да пишуваат и објавуваат научни трудови во светски реномирани списанија и се дел од Web of science. Токму во тој дел посочувањата на Малчески се смета дека не се релевантни. Ниеден труд од оние кои тој ги набројува, не може да се најде во нарелевантната светска база на податоци. За професорите кои сега се против измените во високото образование, извесно е дека тие не се противат на државниот испит, туку единствено им пречи нарушувањето на нивниот комодитет и обврската да објавуваат трудови, но не онакви како во Врање, Лесковац и Битола, туку во меѓународни реномирани списанија и истите да бидат дел од престижниот Web of science, што не е случај со Малчески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


