| четврток, 6 декември 2018 |

Протестот доживеја фијаско – професорите што протестираат без објавени трудови

profesori-na-plenum-pred-sobranie-1

Денешниот протест пред Собранието на Р. Македонија помина незабележано. Многу малку професори, уште помалку студенти се собраа пред македонското собрание за да го искажат револтот од воведувањето државен испит, кој, според Владата, треба да го зголеми квалитетот во високото образование.
Но, и покрај кампањата спроведена од страна на проопозициските медиуми финансирани од СОРОС, како и покрај активна теренска поддршка на СДСМ, сѐ нa сѐ излегоа стотина луѓе.

На протестот пред законодавниот дом беа професори, во најголем дел тие за кои се дозна дека имаат нула научни трудови со импакт фактор. За овие професори сосема е евидентно дека противењето против реформите во високото образование немаат никаква врска со државниот испит, туку единствено со нарушувањето на нивниот комодитет и обврската да објавуваат трудови, но не онакви како во Врање, Лесковац и Битола, туку во меѓународни реномирани списанија. Евиденцијата за објавени трудови со импакт фактор објавени на „Web of science“ вели нула објавени научни трудови од страна на професорите Ана Павловска-Данева, Љубомир Фрчкоски, Борче Давитковски, Годран Калајџиев. Деканот на Економскиот факултет, Љубомир Дракулевски, има нула објавени трудови, колку што има и професорот на истиот факултет Бобек Шуклрв. Без објавени трудови се и професорите Ристо Малчевски, Мирјана Најчевска и Љубомир Цуцуловски.
Професорите и асистентите што се членови на СДСМ се со нула објавени трудови. На овој список се Петар Атанасов, Каролина Ростева Астеруд, Ванчо Узунов, Рената Дескоска, Радмила Шекеринска.

За 2013 година, само 300 научни труда од Македонија се најдоа на страниците на мегународни угледни списанија.
Импакт факторот е меѓународно признаен степен на влијание на професорот научник, во однос на неговите објавени научни трудови во мегународно признаени списанија и колку неговиот труд е практикуван и цитиран во научните кругови, влеа страв кај дел од македонската универзитетска професорска фела бидејќи катастрофално ниските импакт поени на нашите универзитети ја разоткриваат неработата и личниот комодитет на одделни професори. На пример, импакт фактор на најстариот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ е само 616,19 импакт поени. Статистиката вели дека во последните 6-7 години од страна на 6.000 македонски професори во меѓународно реномирани списанија се објавени само 4.000 трудови, додека во истиот период словенечките професори објавиле 50.000 трудови или едно 10 пати повеќе. Во 2013  година нашите професори објавиле само 300 труда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top