| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието ќе расправа за пакетот закони за високо, средно и основно образование

собраниеСобранието на Република Македонија денеска во рамки на 29. седница ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование, во прво читање.

На дневен ред се и предлог законите за изменување и дополнување на законите за за основното и за средното образование, како и предлог законите за Академијата за наставници, за наставници во основните и средните училишта, за oбука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење и за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, сите во прво читање.

Пратениците треба да ги разгледаат по скратена постапка предлозите за изменување и дополнување на Законот за задолжница и на Законот за финансиска дисциплина, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и на Законот за производи за заштита на растенијата, во прво читање.

Меѓу 30-те предложени точки се и предлог законите за градежно земјиште и за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, предлозите за дополнување на Законот за угостителска дејност и за заштита на културното наследство, дополнетите предлог закони за издавачката дејност и за одредување на видот и одмерување на висината на казната, за просторно и урбанистичко планирање и за домување.

На денешната последна пленарна седница во оваа година, ќе се расправа и за предлозите за изменување и дополнување на законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top