По повод новонастанатата ситуација со обилните паѓања на снег, свикав вонредна седница на Кризниот штаб со која што работиме на разрешување на проблемите на терен, рече премиерот Никола Груевски во вонредната изјава за медиумите.
Груевски нагласи дека постојат проблеми во неколку делови на Македонија, најголеми се во западниот дел на Македонија, особено на патот меѓу Кичево и Охрид, каде што имаше стотина автомобили кои беа завеани.
– Околу педесеттина сега се ослободија, затоа што во меѓувреме механизацијата успеа да го расчисти снегот до Извор, меѓутоа помеѓу Извор и Пресека се уште има околу 50-тина возила кои што се завеани и не можат да одат ни напред ни назад. На терен работат екипи кои за два ипол до три часа би требало да го расчистат снегот и да ги ослободат тие возила, рече Груевски.
Тој нагласи дека состојбата е во лоша и во делот на Струга и Охрид, каде неколку часа веќе нема електрична енергија.
– Екипите на МЕПСО се на терен, за жал поради големите снежни наноси кои достигнуваат и до еден метар пешки одат за да стигнат до местото каде треба да ги отстранат дефектите. Министерот за здравство ја координира работата со болниците во овие краеви. Доколку снежните врнежи продолжат со ваков интензитет можно е да имаме потреба во текот на оваа вечер да имаме и тревога на АРМ и со армиски возила да се обидеме во текот на ноќта да го ослободиме патот и да можат луѓето кои се завеани да излезат, таму се направи добар прогрес, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Невреме го зафати јужниот дел на Франција, најмалку шест жртви (Видео)