| четврток, 6 декември 2018 |

Ако „Фејсбук“ го изгуби спорот за повреда на приватноста на корисниците, секој корисник ќе добие по 10.000 долари

Социјалната мрежа „Фјсбук“ е во големи проблеми, бидејќи и се заканува сериозна тужба за повреда на приватноста на корисниците. Доколку го загуби спорот, компанијата ќе мора на плати по 10.000 долари за секое кршење на приватноста на корисниците, за една година наназад, а меѓу сите кои имаат профил сега се шпекулира колку кој ќе може да добие.

Според обвинението поднесено во декември 2013 година, „Фејсбук“ ја скенирал содржината на приватните пораки на корисниците за потребите за огласување. Со тоа го прекршил актот за приватност во електронската комуникација и законите за приватност и нелојалната комуникација на сојузната држава Калифорнија.

Доколку некој корисник во текот на допишувањето со пријателите разменувал ликнови кон други страни, „Фејсбук“ ги следел тие линкови за да бара податоци за корисникот, за да направи негов профил на „online“ активности, стои во обвинението. Исто така, оваа социјална мрежа линкот во приватната порака го третирал како корисникот да кликнал “like” опција на таа страница која е интегрирана во и онака веќе најголемата web страна на интернет.

Интернет гигантот се обиде да ги отфрли обвиненијата тврдејќи дека упадите биле законски, бидејќи не излегувале од стандардната рамка на дејствување на „Фејсбук“. Судијата на окружниот суд во Калифорнија донесе одлука дека тужбата против „Фејсбук“ може да оди на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top