| четврток, 6 декември 2018 |

Падна бандера во дворот на Драган Вучиќ

Камион за чистење снег на ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ предмалку удри во дрвена бандера и истата ја урна директно во дворот на познатиот телевизиски водител Драган Вучиќ, објави „Охрид 1“.
Бандерата служела за пренос на кабли од кабелските оператори и телеком па на дел од улицата АСНОМ неможе да се помине  заради каблите кои висат ниско над коловозот.

Местото не е обезбедено а постои веројатност друго возило да ги повече каблите, а со тоа да предизвика нови неприлики, урната бандера да ја извлече на патот или да настрада некој минувач.

Фото: „Охрид 1“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top