| четврток, 6 декември 2018 |

Велешкиот театар доби нова зграда, а неделава и нови вработувања

Велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ кој изминатата недела ја имаше првата премиера во новата театарска зграда, неделава има нови вработувања, најголеми во последниве 30 години.

Како што информира за медиумите Васил Зафирчев уметнички директор на театарот, дел од уметничкиот колектив на Театарот „ Ј .Х.К. Џинот“ Велес ќе бидат режисерите Софија Ристевска и Деан Дамјановски, драматурзите Сашо Димоски и Катерина Момева и актерката Драгана Босниќ.

-На сите нововработени им го честитаме вработувањето и им посакуваме убава и плодна творечка работа во нашиот Театар, потенцира Зафирчев.

Додаде дека новите вработувања се одобрени од страна на Министерството за култура на Република Македонија, а се најголеми во велешкиот театар во последните 30 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top