Повеќе од 500 дедомразовци учествуваа во трката долга 1,6 километри низ улиците во центарот на Скопје, како дел од програма за одбележување на Новата 2015 година.
Илија Пајмаковски, Дарко Попацев и Богдан Цветковски во машка и Кристина Попческа, Маја Ивановска и Ана Марија Петрушевска во женска конкуренција се најдобрите кои добија медали и награди од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
– Оваа манифестација е од забавно-рекреативен карактер и ја збогатува предновогодишната програма во Скопје. Со денешната трка Скопје се приклучува на листата метрополи од светот каде што се организира ваков настан. На денешната трка учество зедоа над 500 лица и таа ќе се организира и идната година, кога се надевам дека ќе биде помасовна – рече Трајановски.
Дедомразовската трка започна од плоштадот Филип Втори, преку Македонскиот народен театар, мост „Гоце Делчев“, булевар ВМРО, булевар „Димитрие Чуповски“, улица Македонија, Плоштад Македонија, Порта Македонија, до целта кај паркот Жена Борец.
Сите средства кои беа собрани од котизацијата за учество на првата Дедомразовска трка во Скопје ќе бидат наменети за изградба на активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за вежбање, односно фитнес центар на отворено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатална грешка: Мислеше дека трката заврши,па славеше медал, a не го истрча последениот круг
-
Утре пренасочување на сообраќајот до Средно Водно поради атлетска трка
-
Во Скопје се трча во сите годишни времиња: Почнува пријавувањето за Скопје трча 10КМ
-
Пред Школка во Градски парк во Скопје хуманитарна трка за деца со Даунов синдром