| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите утре ќе бираат претседател

Хрватите утре излегуваат на избори во првиот круг на претседателските избори, а според истражувањето кое го направила независната агенција „Набљудувач“, во трката за лидер на најмладата членка на ЕУ, и покрај донеодамнешните оптимистички предвидувања, актуелниот претседател Иво Јоспиовиќ , ќе претрпи пораз.

Неговото место во наредните пет години, според аналзиите на „Набљудувач“, ќе го завземе противкандидатката, претставничката на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Колинда Грабер Китаровиќ. Во тој случај земјата на поранешната Југославија прв пат во историјата би ја водела жена, а Јосповиќ, како некогаш најпопуларниот политичар, целосно би „Потонал“.

Резултатите на анкетата покажуваат дека Јосиповиќ во моментот го поддржуваат 37,1 одсто од граѓаните, додека за Грабер Китаровиќ во првиот круг би гласале 38,7 одсто. Таквите прогнози ги претстави и политикологот од Загреб Давор Ѓенеро, кој рекол дека Јосиповиќ мора да победи во првиот круг доколку сака да го освои вториот мандат по ред.

„Јосиповиќ нема потенцијален резервоар на гласови за вториот круг. Поддршката која ќе ја освои во првиот круг е најголема која тој воопшто може да ја освои. Со евентуален пораз актуелниот шеф на државата би ја запечатил својата политичка кариера„ нагласил Ѓенеро.

Според неговите зборови, Грабар не може да смета на гласачите на кандидатот на Живиот ѕид Иван Вилибор Синчиќ, а доколку има втор круг, гласовите на Милан Кујунџиќ, кандидатот на Сојузот за Хрватска, ќе се пренасочат кон кандидатката на ХДЗ.

„Телевизиските дебати на четворицата кандидати јасно покажале дека Јосиповиќ е многу загрижен. Ако триумфира, тој коалицијата на власт на која припаѓа ќе ја купи за извесен период. Тоа би овозможило опстанок на владата на Зоран Милановиќ до есента 2015 и до некои мерки би го ублажил процесот на распаѓање на коалицијата. Од друга страна, поразот на Јосиповиќ би ја забрзал ерозијата на коалицијата“, објаснил Ѓенеро.

Инаку, според анализите кои идат во корист на Јосповиќ, тој во првиот круг би можел да освои околу 45 отсто од гласовите, а Гарбар Китаровиќ околу 35 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top