Авионот се спуштил под минималната дозволена висина, временските услови биле неповолни, а пилотите не ја почитувале стандардната процедура, да слетаат на друг аеродром. Тие решиле да продолжат со слетување. Авионот не бил одржуван соодветно. „Кингерот“ бил најден во период од еден час по падот, но СФОР не сакала да соработува во истрагата. На авионот нема траги од експлозив, односно не станува збор за атентат.
– Не се согласуваме со понижувањето на Македонија на која и е сокриена вистината. Не се согласуваме со штелованиот фалсификуван нацрт од првиот извештај. Сложеното место е индиректна причина, а на тоа се надоврзува и губење на сигналот и префрлање на сложена процедура за слетување по НАТО стандарди. Сокриено е дека цивилни пилоти летале по воена процедура. Покрај тоа аеродромот во Мостар немал радар, неопходен за слетување по таа процедура. Тоа било сокриено во првиот извештај. Контролорите немаат удел во несреќата, но не смее да се занемари дека немаат дозвола за работа на аеродромот во Мостар. Недозволиво е тие да бидат сослушани дури на 13 март -изјави Сотир Костов овластен и акредитиран претставник на Република Македонија.
– Сложените временски услови, концетрацијата на облаци се индиректна причина, а не невреме како што беше објавено во првиот извештај. Причините за падот на „кингерот“ се една дирекна и седум пилотски грешки. Индиректна е и времето, а има и четири внатрешни системски грешки по две во Македонија и БиХ, недобррата организираност при владата и операторот на авионот, односно СФОР, босанската влада, нашата агенција и нашите власти кои го организирале летот, односно агенцијата која издавала лиценци на пилотите без адекватна обука – вели Кулиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


