Новиот извештај за падот на „кингерот“ во кој загина претседателот Борис Трајковски и осумчлената делегација, босанскиот истражител Омер Кулиќ им го предаде на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на премиерот Никола Груевски и на обвинителот Марко Зврлевски.
На денешната прес конференција експертскиот тим пренесе дека авионот е пронајден многу порано.
– Авионот е пронајден многу порано. Докажано е дека авионот не е најден како што пишува во првиот извештај. Постои сомнеж дека е многу порано најден од страна на СФОР. Не е јасно зошто СФОР намерно потрагата ја пренасочиле на друго место. СФОР во првиот извештај тврдеше дека авионот го нашле со помош на „И ел ти“ уредот. Уредот бил исправен, но исклучен, не зрачел. Патниците починале на лице место, никој не го преживеал падот – заклучил експертскиот тим.
Несреќата се случи на 26 февруари 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


