| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо Мраз ќе пристигне со воен хеликоптер во Скопје

­ На воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ денеска ќе се одржи предновогодишна манифестација со симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер.

На манифестацијата ќе бидат поделени новогодишни пакетчиња за децата на загинатите припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ, како и за вработените во вбр и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.

Манифестацијата е во организација на припадниците на воздухопловната бригада и Синдикатот на вработените во МО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top