Властите во кинескиот град Вухан е во зачеток на кампања за задолжително учење напамет на основните социјалистички вредности, што се дел од идеолошката програма на Комунистичката партија.
Локалните власти во градот вовеле задолжителни часови за учење и рецитирање на 12-те основни социјалистички вредности. За да дадат пример, околу 4.000 раководни кадри во централниот кинески град дури се собираат во конференциска сала, исклучуваат телефони и ги рецитираат тие принципи.
Меѓу 12-те вредности се – патриотизмот, хармонијата, парите и власта, демократијата, слободата и владеењето на законите.
Учениците исто така мора да ги знаат напамет вредностите бидејќи во спротивно може да загубат стипендија за следната година. Кампањата е со цел да се добие признание за најцивилизиран град во Кина. Градот има осум милиони жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


