| четврток, 6 декември 2018 |

Политички, а не образовни пораки се слушаа на денешниот протест

Studentski protesti vlada 5 (Custom)

Студентите и денеска протестираат против реформата во образовниот систем со која се воведува државен испит на факултетите. Тие се собраа пред Владата за да го искажат своети незадоволство од предвидените промени во образованието. Но нивниот протест наликуваше на политички митинг, отколку на студентски протест – се зборуваше за фотелји, за правда, за како да се биде министер, отколку за она што е реална мака на студентите – државниот испит со кој тие не се согласуваат.

Studentski protesti vlada 6 (Custom)

Со политички пароли и опозициски слогани, наместо пораки за образовниот систем, топлата денеска се собра пред Владата. Се слушаа пароли кои се препознатливи за опозицијата. Предничеа видни лица од СДСМ, луѓе од СОРОС, професори од факултети кои важат за поддржувачи на политиката на СДСМ. Бина, озвучување, автобуси со кои се носеа луѓе – сето ова беше дел од денешниот таканаречен студентски протест. Очигледно е дека токму опозицијата стои зад овој протест. За разлика од првиот протест, на кој студентите излегоа со индекс во рака и го искажаа својот став, секој нареден протест добива се поголема политичка димензија. Кој ги плаќа автобусите, бината, озвучувањето?! Дали СОРОС ги покрива сите трошоци за денешната „журка“ пред Владата. Никој не го оспорува правото на протест на стдентите. Студентите имаат легитимно право да протестираат за она што нив ги засегнува. Екстерно тестирање, државен испит, високи партиципации – изборот е нивни, се согласуваат или не се согласуваат. Демократско и уставно право е да го искажат својот револт, онака, како што тоа го направија пред некоја недела кога со индекс в рака стоеа пред Влада и искажаа револт од идејата да им се воведе дополнителен испит. Имаат право или не е друга тема на која би можела да се води долга дебата. Но, како и да е, никој ниту смее, ниту треба да се вмеша во она што тие го прават, со цел да искористи нешто за себе, да собере некој поен за свои интереси. Студентите не смеат да се претворат во (ничија) монета за политички поткусурувања, за поддршка на чии било политички амбиции. Но некој се осуди тоа да го стори.

Studentski protesti vlada 4 (Custom)

Денеска се собраа многу помалку отколку на претходните два собири. Поддршката опаѓа, но политиката во протестите не. Таа расте. Откако завршија политичките опозициски пароли, собирот на студентите премина во концерт. Двочасовниот музички концерт пред Влада го блокираа центарот на градот. Правото на протест е легитимно, но не е легитимна двочасовна журка поради која се блокира нормалното функционирање на градот и движењето на луѓето. Место за концерти има, а тоа сигурно не се главните сообраќајници, особено не во период на најголемиот сообраќаен шпиц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top