| четврток, 6 декември 2018 |

Индустриското производство со раст од 5,2 отсто

индустрија 2

Индустриското производство во периодот јануари –  ноември годинава  во однос на овој период лани бележи раст од 5,2 проценти. Во ноември годинава, споредено со ноември лани, индустриското производство е зголемено за 5,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во ноември  годинава, во однос на ноември лани, бележи пораст од  3 проценти, во „преработувачка индустрија“  3,4 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 27,7 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во ноември годинава, во однос на ноември лани, е зголемено кај „енергија“ за 17,4 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 7,9 проценти, „капитални производи“ за 78,1 процент и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 5,9 проценти, додека опаѓање бележи кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 9,9 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top