| четврток, 6 декември 2018 |

Аеродромот „Александар Велики“ најдобар во Европа за 2012 година

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ја доби наградата за најдобар аеродром во Европа во категоријата до два милиона патници годишно, што ја доделува Меѓународниот аеродромски совет за 2012 година во конкуренција на 275 аеродроми.

Признанието се доделува врз основа на одговори на патниците во формуларите за испитување на квалитетот за аеродромските услуги.

Главниот оперативен директор на холдингот „ТАВ аеродроми“, Мурат Орнекол, денеска на прес-конференција истакна дека нивната компанија е почестена од оваа престижна награда за скопскиот аеродром, кој, како што рече, беше одново изграден и почна да дава услуги за многу кратко време, што се заснова на нивното знаење и искуство. Следна цел за годинава, според Орнекол, е бројот на патници преку скопскиот аеродром „Александар Велики“ да достигне еден милион. На крајот на минатата година преку аеродромот во Скопје се превезени 906.871 патник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top