Кичевската полиција поднесе кривична пријава за А.В.(17) од кичевското село Колари, А.И.(20), Р.З.(17) и К.Н.(17) од село Зајас поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело разбојништво.
Пријавените како група, по претходен меѓусебен договор, на 24 декември на местото Томоско маало во атарот на селото Зајас физички нападнале таксист, го пребарале неговото такси-возило марка „опел астра“ и противправно одзеле 600 денари.
Основниот суд во Гостивар на А.И. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


