Најпознатиот македонски исцелител Иван кој потекнува од Куманово, неодамна даде свои прогнози за она што и како ќе им се случува на одредени македонски музички имиња во новата 2015-та година.
Иван за Елена Ристевска, вели дека во нејзиниот живот и претстојат две машки и едно женско дете, а за Каролина Гочева исцелителот прогнозира дека следната година на поп пејачката и претстои мажачка со убаво високо момче, а бракот ќе и биде среќен, бериќетен и долговечен.
Иван не ги заборава ниту фолк пејачките, па така истиот за познатата фолк пејачка Благица Павловска прогнозира дека следната 2015-та оваа пејачка често ќе патува надвор од Македонија и дека нејзината судбина е во далечната Австралија, односно, токму во оваа земја Павловска ќе го сретне човекот на нејзиниот живот и заедно ќе живеат долг и среќен живот.
За победникот на првата сезона од најгледаното тв шоу “X Factor Adria”, а истовремено и македонски претставник на Евровизија во Виена следната година Даниел Кајмакоски, исцелителот вели дека ова момче уште кога се родил имал среќна судбина и дека тој освен регионална ѕвезда, Македонија ќе ја прослави и ширум светот.
Колку и дали се точни овие прогнози и предвидувања на познатиот Иван исцелител незнаеме, но следува период кога тоа ќе го видиме на дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.