| четврток, 6 декември 2018 |

Изгубил на суд, изгазил пешаци

china-car-accident-2011-06-03Најмалку осум лица денеска беа повредени кога возач со автомобил влетал меѓу група пешаци, кои се наоѓале пред популарен спортски стадион во Пекинг, соопшти полицијата.

Полицијата претпоставува дека повозрасниот маж, жител на Пекинг, тоа го сторил бидејќи неодамна на суд загубил имотен спор.

Локалните медиуми наведуваат дека на неговиот автомобил било напишано „неправда“.

Истиот збор бил  напишан и на лентата што ја имал врзано околу главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top