
Деветнаесетгодишниот Хари С. им подлегна на тешките повреди по сообраќајната несреќа која се случи во неделата на улицата „Партизанска“ во Битола. Според информациите, момчето по неколкудневната борба за живот, им подлегнало на повредите вчера на КАРИЛ. Сопатничката Т.И. (21), исто така, беше повредена во несреќата.
Сообраќајката се случила кога возачот Хари загубил контрола врз автомобилот „буба“ и удрил во дрво. Ударот бил толку многу силен што, според некои очевидци на несреќата, моторот на возилото излетал дваесетина метри настрана.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


