| четврток, 6 декември 2018 |

Во октомври 66,5 отсто од произведената струја била од домашни извори

струја

Во Македонија во октомври годинава вкупно биле потрошени 677.413 мегават-часови електрична енергија, 7,213 милијарди нормални кубни метри природен гас, 522.040 тони јаглен и 83.138 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  66,5 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 96,2 процента од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top