
Светот на културата и шоу-бизнисот оваа година го обележи смртта на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес, холивудските икони Ширли Темпл и Лорин Бекол и култниот француски режисер Ален Рене, потрагата по гробот на Мигуел де Сервантес, како и снимањето на филмот „Војна на ѕвездите“ и првиот студиски албум на легендаранта група Пинк Флојд по 20 години пауза.
Маркес, добитник на Нобеловата награда за книжевност и еден од најзначајните писатели на шпански јазик, почина на 87 години во својот дом во Мексико Сити. Беше автор на бројни книжевни дела, а меѓу најпознатите „Сто години самотија“, „Љубов во време на колера“, беше еден од највлијателните и најценетите писатели на својата генерација.
Тимпл, своевремено чудо од дете, почина во 86 година во Лос Анџелес. Таа како дете стана холивудска ѕвезда. Првиот филм го сними во третата година, а меѓународна слава стикна со филмот „Сјајни очи“.
Лорин Бекол, актерка на „Златно доба на Холивуд“, почина во август во 90 година. На филмот дебитираше на 20 години со Хемфри Богарт.
Ален Рене, светски познат по антологиските филмови „Хирошима, љубов моја“ (1959) и „Минатата година во Мариенбад“ (1961) почина во март во 92 година од животот во Париз. Ќе остане запаметен како експериментален режисер, бидејќи ја збогати кинематографијата воведувајќи елементи од другите уметности како ттеатар, книжевност, музика и стрип.
Власите во Мадрид во почетокот на март одлучија да издвојат 100 илјади евра за потрога на гробот на писателот Мигуел де Сервантес, чии посмртни останки до ден денес не се пронајдени. Тој е погребан во април 1616 во црквата Света Троица, но не се знае каде точно му е гробот, бидејќи црквата е проширена и покррај неа е изграден манастир.
Британската група „Пинк флојд“ објави во ноември нов студиски албум „The Endless River”, по пауза од 20 години. Со албумот групата му оддава почест на Рики Рајт, клавијатуристот на „Пинк флојд“, кој почина во 2008 година. Нивниот албум „Dark Side” од 1973 година е продаден во повеќе од 45 милиони примероци.

Англискиот рок и блуз пејач Џо Кокер почина на 22 декември во 70. година од рак на белите дробови. Кокер беше познат по рапавиот глас и танцот на сцена, славата ја стекна со обработка на популарните песни, вклучувајќи ја и популарната „With a Little Help From My Friends“, на Битлси. Во 1968 година таа беше на првото место на топ-листите и го лансираше во светската музичка орбита. Сними 40 албуми, доби музичка награда „Греми“ за „UP Where We Belong”, која ја испеа во дуето со Џенифер Ворнс од филмот „Офицер и џентлмен“, а во 2007 година беше награден со Орден на британското кралство за придонес во музиката.
Во филмскиот свет во 2014 година заврши снимањето на седмото продолжене на „Војна на ѕвездите: будење на силата“ на режисерот Џеј Џеј Абрамс. Премиерата е закажана за 18 декември 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


