
Водичот за исхрана на населението во Република Македонија е вклучен во новото ажурирање на базата на водичи за исхрана на Организацијата за храна и за земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Водичот, кој содржи насоки за исхрана на населението повозрасно од две години, е подготвен од Одделението за физиологија и мониторинг на исхрана при Институтот за јавно здравје на РМ и е официјално поддржан од Министерството за здравство.
Ова е првпат Македонија да биде дел во базата на ФАО и е една од 26-те (од вкупно 54) земји на Европскиот регион на СЗО кои имаат презентирано ваков документ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


