Снежното невреме, кое за многу кратко време донесе 25 сантиметри снег, речиси целосно го парализираше патниот сообраќај во Москва, а полицијата регистрираше дури 500 сообраќајни несреќи за еден час, од кои 45 потешки, наведуваат руските медиуми.
Најдолгата колона автомобили се протегала цели 60 километри, пренесува „Раша тудеј“.
Рускиот интернетски сообраќаен сервис за мониторинг Јандекс, кои ги рангира сообраќајните гужви од еден до десет, вчерашниот хаос во Москва го оцени со највисока оцена.

– Луѓе запомнете го овој историски ден. Тоа е прв пат да забележиме оценка десет толку рано на почетокот на зимата и да трае толку долго, веќе седум часа. Ситуацијата ќе биде уште полоша – напиша на „Фејсбук“ портпаролот на Јандекс, Елин Ставискај.
На улиците во Москва излега повеќе од 11.000 специјализирани машини за чистење снег, кои имале проблем да излезат на крај со толку големи количини за толку кратко време. Ситуацијата дополнително е влошена во попладневните часови кога поголем број граѓани се враќале од работа кон дома.
За разлика од други западноевропски престолнини, снежните невремиња во Москва речиси никогаш не го нарушуваат функционирањето на јавниот превоз, ниту, пак, доведуваат до затворање на воздухопловниот сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


