
Собранието денеска ќе ја одржи 28. седница на која треба да одлучува за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата.
Врз основа на Извештајот утврдено е дека во периодот од 10 мај до 10 ноември, 31 пратеник не присуствувале, не учествувале, ниту, пак, го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40. седници.
Пратениците од опозицијата, со исклучок на три пратенички, по вонредните парламентарни избори донесоа одлука да не учествуваат во работата на парламентот. Тие поднесоа оставки, но собраниската седница за нивно прифаќање беше прекината. Беше оставена можност за разговори меѓу партиите од власта и опозициската СДСМ.
Сè уште не се знае дали денеска ќе им бидат одземени мандатите на пратениците од опозицијата бидејќи владејачките партии не се изјаснуваат во јавноста за текот на седницата и како ќе се изјаснат.
За да му биде одземен мандат на пратеник потребно е двотретинско мнозинство односно 82 гласа. За секој мандат Собранието треба поединечно да се изјасни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


