| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија станува регионален лидер во авиобизнисот

Неспоредлива е сликата од минатото со онаа денес на македонските аеродроми. Разликата е голема, како за екипажите така и за патниците. Се сеќавам на времето кога аеродромот личеше на вистинска голгота- изгубени багажи, чекање и контроли пред царинската и пасошката контрола. Меѓутоа сега, скопскиот аеродром слободно може да се каже дека е светски аеродром, како за опслужување на патниците, така и за опслужување на авионите“, вели пензионираниот пилот Кирил Каевски во дебатната емисија „Акцент“ на МРТ.

patnici-aerodrom-10

Македонија, полека, но сигурно, станува регионален лидер во авиобизнисот. Со над милион превезени патници годинава и со очекување таа бројка двојно да се зголеми во 2016-та година, асвиосообраќајот во земјава руши рекорди. Дополнително, поради местоположбата како и заложбата на Владата наскоро да се формира национален авиопревозник, ќе ја направат Македонија регионален центар во авиосообраќајот, анализира „Лидер“.

Неспоредлива е сликата од минатото со онаа денес на македонските аеродроми. Разликата е голема, како за екипажите така и за патниците. Се сеќавам на времето кога аеродромот личеше на вистинска голгота- изгубени багажи, чекање и контроли пред царинската и пасошката контрола. Меѓутоа сега, скопскиот аеродром слободно може да се каже дека е светски аеродром, како за опслужување на патниците, така и за опслужување на авионите“, вели пензионираниот пилот Кирил Каевски во дебатната емисија Акцент на МРТ.

 Политиката на субвенции во авиосообраќајот дава резултати, а доказ за тоа е бројот на превезени патници и растот на бројот на авиолиниите.

„Должноста на една власт е да обезбеди брз, евтин и безбеден транспорт на граѓаните. Ние можеме да имаме врвни компании тука, големи имиња, меѓутоа ако цената на билетите е висока нема да имаме над милион патници, значи тоа е и целта на владата, да обезбеди економичен и безбеден транспорт на патниците“, потенцијра Кавески.

Најпопуларна авио-дестинација се уште е Истанбул, па следуваат Виена и Цирих. Сепак, во последно време, пред сè како резултат на работата на нискотарифните компании, хит дестинации се и Лондон, Париз, Малме, сè до Дубаи.

„Во моментот се опслужуваат 27 дестинации, Женева ќе биде 28 комапнија. Концентрирани сме во централна Европа, бидејќи тоа го бара пазарот и поврзани сме со сите главни градови во Европа. Работиме на тоа да ги анимираме и сродните компании кои летаат на останатите аеродроми на ТАВ низ светот“, вели првиот човек на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски.

Скопскиот аеродром- лидер во регионот!

Скопскиот аеродром, полека, но сигурно, се наметнува како лидер во регионот, покажуваат анализите.

„Во нашата концепција за развој се две нешта, да преминеме во регионален аеродром бидејќи во круг од 150 километри се наоѓаат седум аеродроми, кои на некој начин се здрава конкуренција за развој на авиосообраќајот. Втората точка за која имаме предуслови е да станеме и транзитен аеродром. За тоа добра е и една од иницијативите на владата за воспоставуање на национален авиопревозник, но на нови економски издрави основи за тоа да има ефект и на страната на авиокомпанијата и на страната на аеродромот“, објаснува Крстевски.

Бенефитите од воспоставуањето на националниот авиопревозник ги биле големи. Национален авиопревозник ќе ја промовира државата, ќе го помогне развојот на домашната авиоинустрија, ќе донесе бенефит со нова флота авиони, нови вработувања, дестинации. Експертите од авиосообраќајот велат дека со модерни аеродроми и над милион превезени патници, вистински момент е да се најде компанија што ќе лета под македонското знаме.

„Секако дека е добро да има национален превозник, пред се за патниците, државата и персоналот кој евентуално би се вработил. Меѓутоа, национален авиопревозник не подразбира државен авиопревозник во сопственост на државата. Тоа може да биде и приватна авиокомпанија која ќе го добие тој статус на редовен авиопревозник. Секако дека е потребно и пожелно, но за тоа треба добро да се размисли и да се најде партнер со кој ќе се преговара и ќе ги обезбеди сите услови“, вели пилотот во пензија, Кирил Каевски.

Владата преку консултантска компанија во моментов сака да го види моделот кој ќе биде најпрофитабилен и најадаптибилен за да се отпочне проектот.

„Авиобизнисот е глобален бизнис, а аеродромите и авиокомпаниите се многу поврзани.  Македонија треба да се определи во кој правец ќе направи исчекор и мислам дека ова е добро што владата го прави“, смета првиот човек на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top