Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска свечено им ги врачи признанијата на годинашните добитници на наградите во четирите категории од манифестација „Новогодишни бои на Скопје 2014“.
– Во пресрет на новогодишните и на божикните празници Градот Скопје и годинава, традиционално, ја организира познатата манифестација „Новогодишните бои на Скопје“ – манифестација со која ги поттикнуваме нашите сограѓани да ги украсат своите домови и работни простории со новогодишни декорации, да придонесат за разубавување на градот и да го дополнат празничниот амбиент – истакна градоначалникот Трајановски.
За да се обезбеди максимална транспарентност при изборот на најубаво новогодишно украсените објекти во градот, пријавените објекти ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите и ги избра победниците.
За најубаво украсена семејна куќа, од дванаесет пријавени, е избрана куќата на Богољуб Симовски во населбата Ѓорче Петров.
Комисијата за најубаво украсена тераса, од пријавени шест, ја прогласи терасата на семејството Игњатовски на улица Жданец, број 16 А, во населба Жданец.
Од пријавените четириугостителски објекти, тричлената комисија, годинава за најубаво украсен објект го прогласи кафулето „Дежа ви“ во Аеродром.
За најубаво украсен двор на средно училиште, во конкуренција од пет пријавени, комисијата го избра дворот на СУГС „Владо Тасевски“.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски упати благодарност до ЕВН Македонија за повеќегодишната поддршка и учество во оваа градска манифестација и да им додели благодарница.
Игор Гиевски, од Бордот на директори на ЕВН, истакна дека неговата компанија веќе четврта година учествува и ја поддржува манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје и нагласи дека и во иднина ќе ја поддржуваат оваа Манифестација, која од година во година станува се помасовно прифатена од граѓаните на Скопје.
Градоначалникот Трајановски на наградените во првите три категории им додели по 10.000 денари, а ЕВН Македонија наградените во сите категории еднократно ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија, за месец декември 2014 година.
- Угостителски објект
- Дежаву
- Капитол мол
- Семејна куќа
- семејство Симовски
- Ѓорче Петров
- Средно училиште
- „Владо Тасевски“
- Козле
- Тераса
- семејство Игњатовски
- Жданец
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст














