| четврток, 6 декември 2018 |

Фондација „Златна рипка“ исполнуваше желби на децата од Онкологија

ripka

Фондацијата „Златна рипка“ денеска во Универзитетската Клиника за детски болести, им исполнуваше желби на децата на одделот Онкологија.

Фондацијата за исполнување на желби на тешко болни деца „Златна Рипка”- Скопје, која го најави своето основање, е самостојна, доброволна, невладина и непрофитна организација. Целите и задачите на фондацијата се насочени кон збогатување на детското искуство со надеж, сила и радост.

Фондацијата „Златна Рипка” преку донирани финансиски средства од компании, граѓани и институции, ќе им ги оствари најголемите желби на децата кои боледуваат од тешки болести на возраст од 3 до 16 години. Фондацијата верува дека моќта на исполнетата желба е посилна од сè.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top