| четврток, 6 декември 2018 |

Денот кога светот остана без четворица големи уметници

carli-caplin-580x350

На денешен ден светот остана без четворица врвни уметници кои, иако од различни уметнички сфери, оставија длабога трага во светската историја: Чарли Чаплин (1889-1997), Хуан Миро (1893-1983), Дин Мартин (1917-1955) и Џејмс Браун (1933-2006).

Чаплин, еден од пионерите на кинематографијата и најголем уметник во историјата на филмот, актер, сценарист, режисер и продуцент создаде лик на симпатичен скитник кој до денес остана негов заштитен знак и благодарение на кого стана прва филмска ѕвезда во светот. Неговите пантолони, смешен полуцилиндар и големи чевли ја обележаа историјата на филмската индустрија.

Овој контроверзен уметник во 1931 година го сними првиот филм со музика и звучни ефекти, а наредните години компонирал музика за многу стари, неми филмови. Филмовите што Чаплин ги снимил по 1945 година ги карактеризира сатира на многу политички теми. Во 1937 година го сними „Големиот диктатор“ во кој го исмеваше Адолф Хитлер и Бенито Мусолини. Тој беше првиот тонски филм на Чаплин. Бидејќи ги исмеваше американските политичари, во 50-тите години, му беше забранет влез во Америка, а филмот „Кралот на Њујорк“ беше забранет во Америка повеќе од 15 години.

Сними 75 кратки и долгометражни филмови, а 1972 година му беше доделен „Оскар“ за животно дело. Кралицата Елизабета во 1975 година му додели чин витез, како еден од најзаслужните граѓани на Велика Британија.

Шпанскиот сликар и вајар од Каталонија, Хуан Миро беше еден од од најголемите уметници надреалисти. Изгради неповторлив личен стил. Се школувал во Барселона, а во Париз ги создаде своите најзначајни дела и беше вклучен во работата на битните уметнички движења. За време на шпанската граѓанска војна беше на страната на револуционерите, кога направи неколку плакати, а за време на Втората светска војна се врати во Барселона. Миро беше сестран уметник. Работеше костими и декор за Руски балет, беше керамичар и поет. Главни теми му беа ноќта, ѕвездите, месечината и жените. Во 1953 година на Венецијанското биенале доби Голема награда за графика.

Американскиот филмски актер, пејач и забавувач Дин Мартин почетната слава ја стекна во тандем со комичарот Џери Луис, со кого сними 18 филма. Икона на популарната музика на 50-тите и 60-тите години на минатиот век, овој актер и комичар од италијанско потекло е познат по хит песните: Memories Are Made Of This, That’s Amore, Everybody Loves Somebody, Mambo Italiano, Sway, Volare i Ain’t That A Kick In The Head?.

Џејмс Браун, еден од најуспешните американски пејачи на соул и блуз, во својата кариера имаше 98 хитови на листата „Билборд топ 40“, што е рекорд на кој малкумина може да му парираат.

Тој е еден од највлијателните личности во популарната музика на 20 век и стекнал реноме, пред сѐ, со своето пеење и танцување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top