Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, ќе го следи натпреварот меѓу Македонија и Белгија на 22 март во Скопје, на арената „Филип Втори“, а ден потоа ќе биде присутен на свеченоста при промоцијата на новиот дом на Фудбалската федерација на Македонија.
Со Французинот, за кого ова ќе биде четврта посета на Македонија, доаѓаат уште тројца претставници на УЕФА, меѓу кои и потпретседателот на европската куќа на фудбалот.
Легендарниот фудбалер беше на прославата на Македонскиот олимписки комитет, потоа дојде за да му ја врачи „Златната копачка“ на Дарко Панчев, а повод за последната посета на Платини беше јубилејот „100 години фудбал во Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст