Ова се вашите омилени жени во оваа година, за кои, сите случувања од нивниот приватен и професионален живот, беа следени со најголемо внимание.
1) Ким Кардишјан
Што и да напишевме за Ким Кардишјан, беше приметено од ваша страна, а кога е во прашање оваа риалити ѕвезда, вести за неа се појавуваат речиси секоја минута. Нејзината венчавка, провокативните фотографии, буквално се што е поврзано со Ким е топ тема.
2) Кејт Мидлтон
Војвотката од Кембриџ е омилена во Велика Британија, но и на нашиве простори. Кејт како пример за елеганција, стил и непосредност е една од најомилените европски и светски дами.
3) Кејт Аптон
Списанието „Пипл“ ја прогласи за најсексапилна жена на планетата. Оваа омилена плавуша, за многу кратко време го освои модниот врв.
4)Моника Белучи
Моника Белучи е една од најубавите жени, а последен пат го привлече вниманието со добивањето на улогата на Бонд девојка, во најновиот филм за Џемс Бонд.
5) Анџелина Џоли
Нејзиното влијание во светот на шоубизнисот и понатаму е огромно. Приказните од нејзиниот приватен живот и авантурите со шестте деца, понекогаш заличуваат на филмско сценарио.
6) Адријана Лима
Адријана Лима излезе од јатото на ангелите на „Викторија Сикрет“, но не и од листата на омилени манекенки. Нејзиниот шарм и убавина, ги воодушевуваат и жените и мажие.
7) Кели Брук
Англиската глумица и модел Кели Брук, го знае правиот начин како да се промовира себеси. Таа често била и критикувана, но секако има голем број на обожаватели и заслужено се наоѓа на оваа листа.
8) Амал Клуни
Откако во септември оваа година, му стана сопруга на Џорџ Клуни, светските медиуми не престануваат да пишуваат за Амал Клуни. Таа е жена, за која можеме да кажеме дека е спој на убавина, интелегенција и стил.
9) Софија Вергара
Жешката колумбијка Софија Вергара, секогаш знаела да ги запали порталите.
10) Ирина Шаек
Манекенката Ирина Шаек и девојката на Кристијано Роналдо, со нејзините фантастични модни избори и беспрекорен изглед, секогаш е интересна за медиумите и има огромен број на обожаватели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.