
Американската комедија „Луда ноќ во музејот: Тајната на фараонот” ќе почне да се прикажува на 27 декември во кината во Македонија.
Третото продолжение на приказната за музејскиот чувар Лери (Бен Стилер) го сочинуваат мноштво авантуристички пресврти и акции во кои актерите се обидуваат да ја спасат магијата пред таа да исчезне засекогаш.
„Луда ноќ во музејот: Тајната на фараонот“ е продолжение на филмот од 2009 година. „Ноќ во музејот 2: Битката за Смитсонијан“, а првиот дел е снимен уште во 2006 година. Режисерот Шон Леви собра одлична актерска екипа – Бен Стилер, Робин Вилијамс, Овен Вилсон, Сер Бен Кингсли и многу други.
„Луда ноќ во музејот: Тајната на фараонот“ поради специјалните ефекти се најде на списокот на американската Академија за филмска уметност и големи се шансите токму филмот на Леви да се најде меѓу петте номинирани филмови на 15 јануари в година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


