| четврток, 6 декември 2018 |

Магла и голомразица на патиштата

magla-avtopat1

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Градско-Неготино е намалена на 20 до 30 метри, а кај Неготино-Демир Капија на 100 до 200 метри.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Поради ниските утрински температури, на некои осојничави места можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде што е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top