| четврток, 6 декември 2018 |

Кулиќ ќе ја тужи телевизијата ФТВ за кражба на документ со детали за падот на Кингерот

kinger-boris-trajkovski-600x272Обвинителството на БиХ ќе утврдува дали постои кривична одговорност за авионската несреќа во која во 2004 година загина претседателот на Македонија Борис Трајковски, откако вчера во Сараево шефот на истражниот тим Омер Кулиќ го претстави извештајот на експертската комисија.

Извештајот беше презентиран пред главниот обвинител на БиХ Горан Салиховиќ, по што обвинителството ќе формира тим кој ќе направи анализа на извештајот и на постапките на сите поврзани со овој случај, по што ќе утврди дали постојат елементи на кривична одговорност за несреќата во која загинаа девет лица-два пилота и седум претставници на државната делегација меѓу кои и претседателот Трајковски.

На повторениот извештај работат работеше тим од 11 еминентни експерти од областа на безбедноста во воздушниот сообраќај од БиХ , Србија и Македонија.

Обвинителството на БиХ ќе оствари соработка со колегите од Македонија со цел конечно расветлување на сите околности кои доведоа до несреќата.

Извештајот не е претставен во јавноста се уште, но Телевизијата на Федерацијата БиХ во вторникот објави делови кои потврдуваат дека не станувало збор за атентат или експлозија како што се шпекулираше, туку за низа технички и процедурални пропусти кои поради лошите временски услови довеле до пад на авионот.

Кулиќ ниту ги потврдил, ниту ги демантира наводите на ФТВ, но во изјава за „Дневни аваз“ рекол дека ФТВ го икрала документот чија содржина ја цитирала.

– Против нив ќе биде поднесена тужба. Само толку можам да речам, порача Кулиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top