Разбеснет бик влегол во бензиската станица на „Лукоил“ во Куманово. Вознемиреното животно влегло и внатре во продавницата, каде ги бркал преплашените вработени и купувачите. Подоцна бил избркан надвор, каде продолжил со клоцањето и дивеењето.
Нема информации дали некој од присутните бил повреден. Фотографиите ги сподели очевидец од настанот на групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


