| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод католичкиот Божиќ

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Рожденство Христово – Божиќ.

– На граѓаните од католичка вероисповед, кои овој голем христијански празник го слават според Грегоријанскиот календар, им посакуваме да го поминат во пријатни мигови со своите најблиски, во семејна среќа, бериќет и благосостојба, стои во честитката.

На овој е семеен празник, како што е наведено, се празнува раѓањето на Исус Христос, но и универзалните вредностите кои сите нас не врзуваат, соживотот, толеранцијата, милосрдието и взаемното разбирање. Тие се клучот на успехот и напредокот.

– Нека овој празник биде поттик секој од нас да верува, да работи и да ја гради подобрата иднина за себе, за своите најблиски, за своите сограѓани, стои во партиската честитка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top