| четврток, 6 декември 2018 |

На што нè учи кризата во врската?

Ниту една врска не е идеална и секогаш има убави, но и лоши моменти. Меѓутоа, кризата и не мора да се гледа како нешто лошо затоа што доколку сте успеале да ја пребродите со партнерот, таа ви дава можност да создадете некои нови вредности, односно ви овозможува заедно да растете во врската.

kriza vo vrska

Колку и да слушаме за добри и лоши страни во животот, секогаш сме спремни да ги прифатиме оние добрите, а лошите, колку и да сме биле свесни дека се и тие дел од животот, некако секогаш не изненадуваат. Се чини дека тоа е причина што скоро секогаш непријатно реагираме на лошите ситуации, кои обично бараат малку повеќе размислување.

Ако ова го префрлиме и во областа на љубовта и интимноста со саканата личност, работите може да станат уште посложени затоа што луѓето го земаат тоа здраво за готово и очекуваат многу од саканата личност. Кога ќе се наруши нешто од овие очекувања, доаѓа до губење на довербата која според психолозите е едно од најважните чувства помеѓу љубовните партнери.

Се случува доколку сте повредени од страна на партнерот, болката да ве одалечи од него, но како поминува времето, во глава ви се враќаат мислите за добрите работи кои сте ги делеле и кои биле важен дел од вашиот живот, а сега се случува нешто друго. Тоа ве збунува, затоа што не знаете како понатаму. Психолозите појаснуваат дека од една страна е непростливо нарушувањето на односите кои ви ги приредил партнерот, било да станува збор за несогласувања, лаги или изневера, а од друга страна е чувството кое не можете лесно да го занемарите, а кое се однесува на чувството на исполнетост и љубов кои сте ги имале претходно во врската. Сепак, треба да се нaгласи дека има врски и односи кои е подобро да се остават зад себе, посебно оние во кои едниот партнер лошо се однесува кон другиот и нема почитување.

Меѓусебното разбирање има важен аспект во врската и извлекувањето поуки од болни ситуации, би требало да ви помогне во одлуката дали ќе се обидете да го поправите нарушениот однос.

Во моментот кога е сè свежо, можеби ќе ви се чини дека е невозможно односот да се поправи, но според експертите тоа е затоа што чувствувате притисок дека сè ќе биде како пред расправијта.

Ако проблемот меѓу вас е поради лоша комуникации, или настанал како резултат на таа лоша комуникации, тогаш имате простор за поправка, затоа што точно сте го издефинирале проблемот, а со решавање на истиот може да изградите многу подобар и поквалитетен однос.

Сепак, ако станува збор за нешто озбилно, заземете цврсто свој став и мислете на својата среќа, односно на своја подобра иднина. Најдобро е да се одалечите на некое време од партнерот и препуштете на времето да го направи своето. Преиспитајте се дали се гледате со таа личност во иднина. Во зависност од тежината на ситуацијата, доколку партнерот сфатил и ја исправил грешката, можеби втората шанса и не е толку лоша, но ако не можете да се замислите себе во таа врска, тогаш раскинувањето треба да биде трајно.

Сепак запаметете дека иако на почетокот не ни изгледа така, секоја лоша ситуација нè учи на некои важни животни лекции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top