| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓувеч

Уба­ви­на­та на ова ја­де­ње е во тоа што ужи­ва­те и во уба­во приго­тве­но­то ме­со, кое се рас­па­ѓа до­де­ка се ва­ри на ти­вко во рер­ната, а до­де­ка се го­тве­ло ги при­ми­ло си­те вку­со­ви и ми­ри­си од зе­ле­нчу­кот

Ѓу­веч или тур­ли-­та­ва, са­мо со свин­ско ме­со или со свин­ско и со те­ле­шко или го­вед­ско. Со кре­ме­над­ли или со ме­со од пле­шка. Не­кои го пра­ват со се­ка­ков зе­лен­чук што ќе им се нај­де при ра­ка, не­кои са­мо со из­бран, со ком­пир, мо­дар пат­ли­џан, кро­мид, пи­пер­ки, бо­ра­ни­ја. Не­кој до­да­ва и ориз и бо­ра­ни­ја, не­кој сме­та де­ка во ѓу­ве­чот ни­ка­ко не оди мор­ков. Но, за­ед­нич­ко е што мо­ра да има бам­ји. Би­деј­ќи без нив не­ма ви­стин­ски ма­ке­дон­ски ѓу­веч. Уба­ви­на­та на ова ја­де­ње е во тоа што ужи­ва­те и во уба­во приго­тве­но­то ме­со, кое се рас­па­ѓа до­де­ка се ва­ри на ти­вко во рер­ната, а до­де­ка се го­тве­ло ги при­ми­ло си­те вку­со­ви и ми­ри­си од зе­ле­чу­кот.

turlitava

Со­стој­ки:

1 кг свин­ски кре­ме­над­ли

150 гра­ма мас­ло за го­тве­ње

300 гра­ма кро­мид

3 чеш­ни­ња лук

400 гра­ма ком­пи­ри

маг­до­нос, ли­сто­ви од це­лер

фе­фе­рон­ка

сол

су­па од ко­ски за до­ле­ва­ње

500 гра­ма мо­дри пат­ли­џа­ни

1 кг све­жи пи­пер­ки

200 гра­ма бо­ра­ни­ја

1 кг до­ма­ти

250 гра­ма ориз

2 ла­жи­ци до­мат­но пи­ре

Под­го­то­вка:

Кре­ме­над­ли­те се се­чат, се по­со­лу­ва­ат и се пр­жат на же­шко мас­ло. Отка­ко ќе се ис­пра­жат, ме­со­то се пре­фр­лу­ва во друг сад, а на пре­о­ста­на­та­та мас­но­ти­ја се пр­жи кро­ми­дот, исе­чен на тр­кал­ца. По­тоа се до­да­ва­ат ком­пи­ри­те исе­че­ни на пар­чи­ња, се на­ле­ва­ат мал­ку со су­па­та од ко­ски и се оста­ва­ат мал­ку да се дин­сту­ва­ат.

Ко­га ком­пи­ри­те се сва­ре­ни, се до­да­ват на пар­чи­ња исе­че­ни и из­лу­пе­ни мо­дри пат­ли­џа­ни, на­по­лу сва­ре­на бо­ра­ни­ја и пи­пер­ки­те исе­че­ни на че­твр­тин­ки. Се на­ле­ва зе­лен­чу­кот со уште мал­ку су­па и се оста­ва да се дин­сту­ва. Ко­га зе­лен­чу­кот мал­ку ќе се оба­ри, се до­да­ва­ат ме­со­то и ори­зот, ис­чи­стен и из­ми­ен, се­то тоа се по­со­лу­ва и по­тоа се пре­ту­ра во та­ва и се пе­че во рер­на.

По по­ло­ви­на час пе­че­ње, врз ѓу­ве­чот се ре­дат исе­че­ни­те до­ма­ти, по по­тре­ба се до­ле­ва су­па од ко­ски из­ме­ша­на со до­мат­но пи­ре и се ста­ва по­втор­но во рер­на да се до­пе­че.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top