Германскиот репрезентативец во редовите на Реал Мадрид Сами Кедира посакува да го продолжи договорот со кралскиот клуб.
– Сакам да го продолжам договор со Реал. Тоа ми е единствената новогодишна желба. Ќе бида пресреќен ако најдеме решение – изјави Кедира.
Членот на европскиот шампион игра се помалку, во моментов е во втор план на тренерот Карло Анчелоти особено по доаѓањето на неговиот сонародник Тони Крос ова лето. До сега тој одигра само осум натпревари во првиот дел од сезоната.
Неговиот договор истекува ова лето, а Реал ако не го продолжи во јануарскиот преоден рок, најверојатно ќе го продаде сега за да не го загуби на лето без обештетување.
За услугите најзагреани се лондонските тимови Арсенал и Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент


