Она што го ветив пред јавноста на 25 март 2014, дека ќе има инвестиција во охридско-струшкиот регион се официјализираше финално. Германската компанија „Костaл“ објави инвестиција и 1000 нови работни места. Илјада нови вработувања за охриѓани и стружани. Вие знаете дека може да верувате на нашиот збор, дека се реалност и имаат корист за народот.
По Гентерм и Капкон, Костaл е трета инвестиција во само седум дена. Објава за 2500 нови работни места за само една недела. Нашата борба за секое ново работно место продолжува – стои на фејсбук фан-страницата на премиерот Никола Груевски.
Германска компанија „Леополд КОСТАЛ“ објави дека планираната браунфилд инвестиција ќе започне на почетокот на 2015 година, а ќе премине во гринфилд инвестиција во 2017-2018 година. Инвестицијата ќе биде во охридско-струшкиот регион.
Еве го обраќањето на Груевски од март годинава кога ја најави инвестицијата во Охридско-струшкиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии