| четврток, 6 декември 2018 |

Новогодишен книжевен огномет во „Или-Или“

ili-ili

Од утре, четврток, 25 декември, по јубилеен, петти пат, започнува традиционалниот “Новогодишен книжевен огномет” во книжарницата “Или-Или“, кој ќе трае до 10 јануари 2015 година, и во чии рамки домашната читателска публика ќе има можност изданијата на нашата издавачка куќа да ги купи со попуст од 20 до 70 отсто.

Овој настан е дел од месецот кога „Или-Или“ го прославува своето 10-годишно постоење како издавачка куќа, за време на кој реализираше неколку промоции на домашни автори, како и славеничка дружба со писателите и преведувачите под капата на „Или-Или“. Во рамките на „Огнометот” на попуст ќе бидат околу 100 наслови во популарните едициии „Проаза“ и „Есеи“, кои се состојат од превод на актуелни дела од европски автори, како и на книги од млади домашни автори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top