Повеќето руски граѓани имаат негативно мислење за американскиот претседател Барак Обама, соопшти денеска Рускиот центар за истражување на јавното мислење.
Негативно мислење за Обама имаат 81 отсто од Русите, додека помалку од пет проценти имаат пофални зборови за него, покажуваат резултатите од истражувањето.
Одговорот на 22 отсто од руските испитаници бил дека не го сакаат Обама бидејќи спроведува антируска политика, додека 18 процентуи сметаат дека тој започнува војни ширум светот. Пет отсто од Русите веруваат дека Обама води надворешна политика која има негативни последици, а други пет проценти од анкетираните изјавиле дека американскиот претседател едноставно не им се допаѓа.
Три четвртини од Русите (76 отсто) сметаат дека Обама не ја заслужил Нобеловата награда за мир, а само пет проценти оценуваат дека наградата е правилно доделена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


