За натамошно продлабочување на соработката меѓу Македонија и Турција разговарале попладнево претседателот Ѓорге Иванов и турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој престојува во Скопје.
Како што соопшти Кабинерот на Претседателот на РМ, соговорниците изразиле задоволство од традиционалното пријателство и партнерство и од интензивната комуникација и соработка во сите сфери од заеднички интерес, оценувајќи дека тие се потврда за одличните односи меѓу двете држави.
– Изразувајќи благодарност за цврстата и принципелна поддршка на Република Турција во однос на нашите стратешки цели, членството во Европската унија и во НАТО, претседателот Иванов нагласи дека Република Македонија високо ги цени турските активности и напори по овие прашања. Македонскиот претседател и турскиот премиер ја поздравија економската соработка, која е највисоко на агендата на меѓусебните односи, со очекување за натамошно интензивирање. Беше разговарано и во однос на соработката во сферата на одбраната и безбедноста, културата, туризмот, образованието, како и на мултилатерален план во меѓународните организации, информира Кабинетот на Иванов.
Македонскиот претседател во тој контекст изразил очекување за зајакната соработка во рамките на Алијансата на цивилизациите – иницијатива на Обединетите нации во која Турција е земја-основач.
– Претседателот Иванов и премиерот Давутоглу разменија мислења и информации за состојбите во регионот, за прашањата од надворешно политички интерес за двете земји, и разговараа за потребата од поголема соработка меѓу безбедносните служби на Република Македонија и на Република Турција, во поглед на соочување со заканата од странските терористички борци, соопшти Кабинетот на Иванов.
Давутоглу истакнал дека Македонија е важен пријател и партнер на Турција и дека, како и досега, и во иднина може да смета на нивната безусловна поддршка и помош. – Додаде дека нашата држава со својот модел на соживот претставува позитивен пример не само во регионот, туку и многу пошироко, соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ за средбата на Иванов со турскиот премиер Давутоглу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


