Министерот за правда Аднан Јашари се сретна со неговиот албански колега Насип Начо со кого разговараше за досегашната соработка и за билатералните договори меѓу двете држави. На средбата Јашари го информирал неговиот колега за уставните измени и измените на најважните закони од судството, како што е Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.
– Истовремено, министерот Начо беше запознат и со проблемите и предизвиците со кои се соочува Република Македонија во областа на судството, информира Министерството.
Од албанска страна е изразена подготвеност за понатамошна соработка меѓу двете држави. Албанскиот министер Начо ќе престојува два дена во посета на Македонија, при што ќе ги посети највисоките правни институции во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


