Еден жител на Њујорк кој по 18 години минати во затвор беше ослободен од обвинувањата за убиство ќе добие обештетување од 4,75 милиони долари.
Фернандо Бермудез преку соопштение изјави дека „обештетувањето никогаш нема да ја избрише неправдата“, пренесе Њу Јорк Пост.
Бермудез во 1992 година беше осуден на доживотна казна затвор поради убиство на 16-годишно момче, за да во 2009 година надлежниот судија го прогласи за невин.
Неколку очевидци кои го идентификуваа Бермудез како убиец подоцна ги повлекоа своите изјави. Неговите пријатели сведочеа дека тој во моменот на убиството бил неколку километри подалеку.
Јавното обвинителство соопшти дека настојува да „обезбеди оние кои се погрешно осудени да бидат обештетени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.