| четврток, 6 декември 2018 |

7 чудни фобии

Фобијата е ирационален страв од некои одредени работи или ситуации, која може да биде толку силна,  да постои можност, на личноста која пати од некои фобии, во голема мера да им се загорчи животот.

Познат е стравот од пајаци, од мал простор или постојат и други стравови кои се можеби чудни за некого, но за некого едноставно не се. Ви ја носиме листата со неколку чудни фобии на светот.

Фобија

КАТОПТРОФОБИЈА

Катоптрофобија е страв од огледало. Оваа чудна фобија е поврзана со луѓе кои се плашат од натчовечка сила и мислат дека во огледалото наместо својата рефлекторна слика, може да се појават духови или некое друго страшно суштество. Сепак таа фобија најчесто е производ на стравови од сопствениот изглед, но во денешно време кога се сите опседнати со изгледот тоа е релативно честа фобија. Американската глумица Памела Андерсон пато од катоптрофобија и не се гледа на телевизија.

ДЕИПНОФОБИЈА

Деипнофобија е страв од разговор за време на вечерата. Некои разговори  за време на вечерата можат да бидат досадни и незгодни, но некои луѓе толку се плашат од фактот дека на масата мора да разговараат со друга личност, што таквите ситуација по секоја цена ги избегнуваат. Тие кои патат од оваа чудна фобија се плашат и од обична вечера со семејството или пријателите. Во такви ситуации почнуваат да се потат и да губат здив. Тоа се случува затоа што тие вечерата ја сметаат како закана и се грижат од можни конфликти.

ОМФАЛОФОБИЈА

Омфалофобија е страв од папок. Тие кои патат од оваа фобија би доживеале нервен слом ако некој им го допре папокот, но не ги плаши само допирот, туку и погледот во папокот. Преплашени се од помислата на туѓ или на сопствениот папок. Стравот е често поврзан со асоцијацијата дека бебето во текот на 9 месеци од бременоста се храни низ папочната врвка.

ПЕДИОФОБИЈА

Педиофобија е страв од кукли. Можеби звучи чудно, но луѓето кои патат се плашат од восочни и дрвени кукли од сите видови, не само тие застрашувачките. Тие всушност се плашат од било кој вид на вештачки работи кои можат да симулираат човечки акции. Стравот произлегува од сознавањето на лажно претставување на живи суштества, така што одењето во шопинг може на овие луѓе да им претставува вистински проблем

ЛАХАНОФОБИЈА

Лаханофобија е страв од зеленчук. Постои голем број на луѓе кои се плашат од обичен морков, домат или салата. Може да доживеат паничен напад или зголемено потење и при поглед на зрно грашак. Оваа болест обично почнува во детството и често ја активира некоја ситуација во која родителите го тераат детето да изеде цела чинија зеленчук, но секако и не мора да биде поврзано со тоа.

ФИЛЕМАФОБИЈА

Филемафобија е страв од бакнежи. Бакнежите на многумина им се најдрага работа на светот, но ако патите од оваа чудна фобија, помислата на туѓа уста наслонета на вашата сигурно нема да ви биде забавно. Луѓето кои патат од оваа фобија се плашат и да бакнат, но и да бидат бакнати. Психолозите сметаат дека оваа фобија никогаш не доаѓа сама од себе, туку дека е поврзана со страв од вљубеност или страв од секс.

КАЛИГИНЕФОБИЈА

Калигинефобија е страв од убави жени. Тие кои патот од оваа фобија се плашат од убави жени и било каква интеракција со нив. Над мажите кои патат од оваа фобија, спроведени се испитувања, а потоа им покажувале фотографии од атрактивни девојки, што предизвикува тотален хаос во нивниот мозок. Освен страв, кај испитаниците е воочено и збунетост, паѓање на самодоверба, а на обични прашања давале потполно бесмислени одговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top