| четврток, 6 декември 2018 |

Новогодишно дружење на две генерации: Децата од Домот „11 Октомври“ ги посетија станарите на Резиденција „Дабески“

stari lica

Широки насмевки денеска можеа да се видат на лицата на дечињата од Домот „11 Октомври“ и на станарите од Резиденција „Дабески“ кои уживаа во заедничкото време поминато заедно. Имено, дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ ги изненадија станарите на „Дабески“ со посета и изведба на новогодишна претстава. Возрасните станари на „Дабески“ не го криеја задоволството од посетата и одушевувањето од изведбата на децата.

– Верувам дека ова е еден од најубавите денови на нашите станари судејќи според нивните насмевски овој ден и дружењето со дечињата ќе го паметат долго. Постојано работиме на збогатување на социјалниот живот и богата програма за нашите станари и оваа посета и дружба денес е прекрасно заокружување на оваа година – изјави Даниела Дабеска, сопственик на резиденцијатаа.

Среќни, насмеани, полни со впечатоци беа и дечињата кои уживаа во посетата и во подароците, новогодишните пакетчиња кои ги добија од Резиденција „Дабески“. Двете установи преку организација на овој настан покажаа дека новогодишната магија не познава граници и возрасти и дечињата и возрасните подеднакво уживаа во миговите поминати заедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top