И во најтешките моменти, пејачката Леди Гага не може да не биде во центарот на вниманието. Така, си нарачала позлатена инвалидска количка која ја користи по операцијата на колкот.

Таа си нарача специјална количка за инвалиди со кожени седишта, а тркалата и конструкцијата се позлатени.
Дизајнерите што биле ангажирани биле задоволни бидејќи направиле „количка за кралицата“, пренесуваат агенциите. Леди Гага минатиот месец имаше операција на колкот поради која беше принудена да ја прекине светската турнеја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


